Индексoт на родова еднаквост во општините во Република Македонија, подготвен од Реактор – Истражување во акција со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество ќе се промовира во понеделник, 22 октомври, во хотел Солун со почеток во 11 часот.
Индексот е заснован на убедувањето дека за општествен напредок, жените и мажите мора да имаат еднаков пристап до можности и услуги. Со цел да се добие целосен преглед на состојбите во сите општини во Република Македонија, со Индексот се опфатени 81 општина и нивната работа во три главни области: родов јаз, соодветни услови и родово одговорна општина.
На настанот ќе се обратат и минстерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Канцеларијата на УСАИД за општ развој, Едвард Гонзалез и директорот на Државен завод за статистика, Апостол Симовски.
Ц. М.