Индонезиските власти објавија тревога поради најнестабилниот вулкан во земјата – Маунт Мерапи, кој се наоѓа во густо населената област.
Наредена е евакуација на оние кои живеат во радиус од три километри од вулканот.
Маунт Мерапи еруптираше четирипати од вчера, исфрлајќи во височина од 3.500 метри вулкански материјал и покривајќи го регионот со пепел.
Околу 660 лица веќе се евакуирани од опасната зона.
Вулканот со висина 2968 метри е најактивен меѓу над 120 вулкани во земјата. (МИА)