• Latest

Инспекторите кои се борат против сивата економија работат „на црно“, немаат плата два месеца, тврди Кузеска

March 5, 2025

Скопјани ќе добијат субвенции за инвертер клими

December 4, 2025

Гаши: Собранието светна во портокалова боја – за секоја жена и девојка без насилство и страв

December 4, 2025

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија

December 4, 2025
Фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Без гаранции од ЕУ, и утре да ги внесеме Бугарите во Устав – прашање е само кога ќе дојде новиот услов

December 4, 2025
Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

Назад во балтичките држави

December 4, 2025

Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

December 4, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Корупцијата цвета: Секој трет граѓанин платил за „услуга“, судиите и обвинителите на дното на довербата!

December 4, 2025

24 ЧАСА: Северна Македонија со поддршка на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца; Русија киднапира украински деца и ги праќа во Северна Кореја; Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?“

December 4, 2025
Novichok poison attacks in Salisbury
Source- screenshot BBC

Путин го одобрил труењето со Новичок на поранешниот руски шпион Скрипал во 2018 година, според британската истрага

December 4, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца

December 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Инспекторите кои се борат против сивата економија работат „на црно“, немаат плата два месеца, тврди Кузеска

ЦИВИЛ Медиа на 4 февруари достави прашање до Министерството за економија и труд и Државниот инспекторат за труд, дали е вистина дека инспекторите не добиле два месеца плата? Одговор се уште не добивме.

March 5, 2025 13:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција на СДСМ, партискиот портпарол Богданка Кузеска откри загрижувачки информации во врска со функционирањето на Државниот инспекторат за труд, обвинувајќи ја актуелната влада за хаос во институциите и грубо кршење на законите.

Според Кузеска, од 28 февруари трудовите инспектори формално не се вработени бидејќи се одјавени од Агенцијата за вработување, што значи дека работат без правен основ, односно „на црно“. Оваа ситуација, како што потенцираше таа, ја компромитира целата инспекциска работа и ги прави сите извршени контроли незаконски.

„Инспекторите кои треба да се борат против сивата економија, самите се ставени во состојба да работат без никаква правна основа. Владата на Христијан Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без договор, што е скандалозно и недозволиво“, изјави Кузеска.

Дополнително, таа информираше дека инспекторите со задоцнување ја добиле платата за декември 2024 година – дури на 12 февруари оваа година, додека платите за јануари и февруари 2025 година сè уште не се исплатени. Ова значи дека инспекторите немаат ниту здравствено осигурување, што е, според СДСМ, директно загрозување на нивните работнички права.

„Замислете, тие што треба да ги штитат работниците, сега самите се оставени без никаква заштита, без плата и без осигурување. Ова се парадоксите на новото нормално на ДПМНЕ“, додаде Кузеска.

ЦИВИЛ Медиа на 4 февруари достави прашање до Министерството за економија и труд и Државниот инспекторат за труд, дали е вистина дека инспекторите не добиле два месеца плата?

„Почитувани, добивме информација дека инспекторите за труд не земале плата за декември 2024 и јануари 2025 година. Дали оваа информација е точна или се работи за дезинформација. И ако е точна информацијата на што се должи доцнењето од два месеца за исплата на плати и придонеси?“, гласеше пораката на ЦИВИЛ Медиа до надлежните институции.

До објавување на текстот, после точно еден месец, се уште одговор не добивме.

СДСМ потсети дека проблемот со статусот на инспекторите е последица на измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за кои партијата предупредувала уште минатата година. И покрај тоа што два пати се правеле законски измени, проблемот не е решен, а администрацијата е доведена во состојба на хаос.

„Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата. Овој хаос не смее да продолжи, а за него мора да има одговорност“, порача Кузеска.

Д. Муратов
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога надзорот се продава како безбедност

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ