Премиерот Зоран Заев има вкупно 39 надоврешни соработници во речиси сите области од дипломатија, економија и регионална политика, па до спорт, односи со јавноста и социјала. На списокот советници се познати лица за јавноста, некои како истакнати професионалци, а други со контраверзна приватна и професионална позадина.
ИРЛ (Истражувачка репортерска лабараторија) објави список на сите 39 надворешни советници на Заев, со опис на нивната работа и месечниот надоместок. За сите советници во моментот се одвојува 307.000 евра годишно.
ИРЛ го истражи и начинот на кој се бирале советниците. До Владата поставија прашање и по кои критериуми се бираат советниците и добија одговор дека сите надворешни соработници на премиерот за своето работење му одговараат нему и тој го оценува нивното работење.