Потикната од говорничките на панел -дискусијата „Борба, не кафеана“, во организација на ЦИВИЛ, Дрита Исени, координаторка на комисијата за еднакви можности од Општина Центар, истакна дека ваквите дискусии би било добро да се во студио и нивните приказни и искуство да се сподели со поширок аудиториум.
„Ова е за поздравување и една насока што треба да им се даде на телевизиите како треба да се работи. Исто така, зошто само за 8 март се собираме? Што со балканскит менталитет – синдикати имаме, за 1 мај се собираме на протести за работнички права , а никој не излегува, затоа што сите сме по Сарај. На 8 Март имаме марш што тргнува од Жена парк, а ќе се соберат 50/60 што ќе маршираат, имаме силувани жени, убиени жени, имаме права и закони што ги носат мажи во Парламент за абортус… Сè додека ги имаме мажите таму кај што се донесува одлука или закон, ќе бидеме таму каде што сме сега сите ние“, изјави Исени.
Биљана Јордановска (текст, фотграфија)
Камера: Филип Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети