„Мицкоски го напушта Твитер“, пред само неколку дена одекна веста на социјалните мрежи.
Имено, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ поради вулгарната реторика и говорот на омраза и рекол збогум на Твитер заедницата.
Сепак, Мицкоски се јави, повторно на Твитер, за поубедливо да ја демантира Твитер заедницата: „Ќе ги разочарам злонамерните и оние кои намерно шират невистини. Јас останувам да ја говорам вистината, исто како што ќе продолжам да го користам мојот твитер. До следниот твит, #МакедонијоНапред!“
Ќе ги разочарам злонамерните и оние кои намерно шират невистини. Јас останувам да ја говорам вистината, исто како што ќе продолжам да го користам мојот твитер. До следниот твит, #МакедонијоНапред!https://t.co/FpsdlUmCkX
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) October 23, 2018
Не се знае кој точно вака го „спинува“ или поточно вклучува – исклучува Мицкоски од Твитер заедницата. Сепак, коментарите по социјалните мрежи велат дека постои можност самиот да се исклучил за малку покачување на рејтингот и видливоста. Во случај ако некој заборави дека лидерот постои надвор од палатата на ВМРО – ДПМНЕ.
С. Т.