• Latest

Истрага за пропуштениот автобус без лиценца на Деве Баир, членовите на ДИК нема да земат дополнителни надоместоци, стаса сметката за ненајавеното повлекување електрична енергија

November 24, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Истрага за пропуштениот автобус без лиценца на Деве Баир, членовите на ДИК нема да земат дополнителни надоместоци, стаса сметката за ненајавеното повлекување електрична енергија

November 24, 2021 16:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Царинската управа истражува кој го пропуштил автобусот без лиценца на преминот Деве Баир

Во насока на навремено и транспарентно информирање на јавноста, Царинската управа проследува информација поврзана со автобуската несреќа што се случи на 23.11.2021 година во соседна Република Бугарија, во која изгоре автобус на превозникот Беса Транс – Скопје.

Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на ГП Деве Баир, со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез на предметниот автобус. Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин. За наодите од контролата јавноста  ќе биде навремено информирана, информираат од Царина.

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Членовите на Државната изборна комисија нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори.

Кондарко: Членовите на ДИК, освен нашите редовни плати нема да земат никави бонуси, иако имаме право на тоа. На денешната седница тие изгласаа измена и дополнување на Правилникот за надоместоци на изборните органи за локалните избори и, како што појасни членот на ДИК Борис Кондарко, се работи за прецизирање и дополнување на Правилникот.

Надоместоците за други лица вработени во ДИК, лица дополнително ангажирани, членовите на ОИК и ИО остануваат, а се додаваат и членовите на Избирачката комисија на Град Скопје. Се зголемува за 25 отсто надоместокот за ОИК и ИО во општините каде што имаше втор круг гласање за градоначалник, како и за 20 отсто за избирачките органи во општините каде што имаше гласање на болни и изнемоштени лица.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕНЕРГЕТИКА На адреса на МЕПСО стаса сметката за ненајавеното повлекување електрична енергија од преносниот систем. Македонија на Европската енергетска мрежа треба да ѝ плати 18,5 милиони евра за струјата влечена од јули до октомври. Од целата оваа сума, најскапа била струјата за октомври, односно 16,5 милиони евра. Според информациите до кои дојде ТВ Алсат, за ноември сметката ќе биде многу помала бидејќи е повлечено помалку електрична енергија во однос на претходните четири месеци.

ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ Состојбата на повредените во автобуската несреќа е добра и тие се во стабилна општа состојба. Нема опасност по нивното здравје. Од болницата „Пирогов“ денеска соопштија дека пациентите се соодветно згрижени и нивната состојба се следи од разни специјалисти. Извршени се сите потребни итни интервенции.

-Постоперативната состојба на пациентите се оценува како добра. Денеска претстојат две дополнителни оперативни интервенции. Кај една од жртвите ќе бидат извршени дополнителни медицинско – дијагностички процедури со што ќе се даде поголема јасност за идниот терапевтски третман на пациентот, соопштија од болницата „Пирогов“.

ИСТРАГА  Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата и доколку навистина има човечки фактор зад тоа, да се преземат сите неопходни мерки. Вчера имаа прес-конференција и министерот за транспорт и министерот за внатрешни работи, ги кажаа своите ставови и најкомпетентно е сепак тие да кажат став по однос на тоа кој има одговорност, дали има одговорност, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Според информациите коишто ги имам, истрагата е во тек, ја водат државните власти во Република Бугарија, наши претставници има во тие екипи да помогнат. Ние имаме можности дополнително доколку се појави потреба да таква експертиза. Ви ја кажав ситуацијата во делот со идентификацијата, со судската медицина. Нашите експерти се тука од вчера, меѓутоа вчера не им било дозволено затоа што се бара дозвола од бугарското обвинителство. Пуштивме нота вчера, со барање официјално, таа нота беше попладнето, очекуваме утринава обвинителството да им дозволи на Институтот за судска медицина во Софија да се вклучат нашите професори, рече Османи.

РАЗГОВОР Премиерот Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година.

КОМЕМОРАТИВЕН МАРШ Со солзи во очите и со голема тага ученици на ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир денеска организираа комеморативен марш од училиштето до Плоштадот Скендербег, оддавајќи им почит на загинатите соученици во вчерашната автобуска несреќа во Бугарија.

Директорката на ОУ „Исмаил Ќемали”, Бурбуќе Имери во својот говор пред присутните истакна дека „овој настан што му се случи на училиштето е голема трагедија која не може да се опише со зборови“.

РЕВИЗИЈА Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, се наведува во Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Агенцијата за вработување, чија цел е да се утврди дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во него се во согласност со законскаат регулатива.

Во извештајот, во клучните утврдени состојби се посочени неусогласени податоци од евиденциите за постојани средства, залиха, паричен надоместок и активни мерки со сметководствената евиденција, преземени обврски без спроведени јавни набавки над дозволениот праг со Законот за јавни набавки, неусогласен клолективен договор на ниво со важечката регулатива и нецелосност и точност на остварениот приход.

КОВИД 19 Намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени од ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Од 15 до 21 ноември од ковид-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември. Минатата недела се тестирани се 19.791 лица, за 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Наташа Петровска, екс градоначалничка на Битола, зборува за себе и другите, за етиката и политиката, за евидентните вредносни траги од својот градоначалнички труд, за локалните избори и локалните кадровски политики, за амбициите и за…

СЛОБОДНА ЗОНА 

Како може автобус кој не бил пријавен за меѓународен превоз – значи, ја немал потребната документација воопшто да ја помине границата – тоа да го правел во којзнае колку наврати, којзнае од кога? Дали е можно, вон фабричката спецификација, да имал додадени танкови за гориво (кои се можната причина за големиот пожар), бидејќи во некои земји каде што се возел цената на горивото била пониска од некои други земји во коишто превезувал патници? Дали е можно за време на паузата дваесетина минути пред трагедијата некои патници да си ги размениле местата со некои други во останатите три автобуси во туристичкиот конвој? Дали е можно вратите на автобусот автоматски да не се отвориле при ваква тешка несреќа затоа што, можеби, и пред несреќата биле неисправни? Дали е можно…, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „ Сите ние загинавме во автобусот во Бугарија “

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ