• Latest

Истражување: Шеесет отсто од граѓаните во земјава сметаат дека е најважен економскиот равој, за само девет отсто тоа е зајакнување на демократијата

December 13, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Истражување: Шеесет отсто од граѓаните во земјава сметаат дека е најважен економскиот равој, за само девет отсто тоа е зајакнување на демократијата

December 13, 2021 15:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Четириесет отсто од македонските граѓани веруваат дека демократијата е важна за решавање на кризите како што е ковид-пандемијата, но во одлучувачки моменти властите мора да го имаат последниот збор. Во поглед на тоа што е најважниот приоритет за Северна Македонија, 60 отсто одговориле дека тоа е економскиот развој, за 22 отсто тоа е членството во ЕУ, зајакнувањето на демократијата е важно само за девет отсто, а членството во НАТО за пет проценти. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење „ЕУ, надворешните актери и довербата: Перспективата на Северна Македонија“, на Европскиот фонд за Балкан, презентирано денеска во Скопје.

Ова, се наведува во документот, покажува голема разлика со приоритетите на ЕУ, каде што владеењето на правото и демократизацијата отскокнуваат од секоја друга политика.

Во однос на тоа дали демократијата е важна за решавање на кризи како Ковид-19, 31 отсто одговориле „да“, 15 отсто не знаат или одбиле да одговорат, додека 14 отсто одговориле „не, авторитарните раководства најдобро ја решаваа кризата“.

Истражувањето покажува дека македонските граѓани немаат високо ниво на доверба институциите, 68 отсто одговориле дека најмалку веруваат на политичарите, 59 отсто не веруваат на Владата, 58 отсто немаат доверба во правосудството, во невладините 44 отсто, во претседателот 39 отсто, во меѓународните организации 38 отсто, во полицијата 33 отсто, во религиозните институции 28 отсто, во војската 17 и во медицинските работници 11 отсто.

Испитаниците ја сметаат Србија како држава што најмногу им помогнала за време на пандемијата со Ковид-19. Педесет и два отсто анкетирани сметаат дека Србија најмногу обезбедила помош за Северна Македонија за време на ковид-кризата, додека тој процент за ЕУ изнесува 16 отсто, за Кина 15 проценти, за Русија 11 отсто, за Турција девет отсто и за САД шест проценти. Седумнаесет проценти не знаеле да одговорат од каде земјава добила најголема поддршка за време на пандемијата.

На прашањето која држава очекувате да даде најголема помош за надминување на кризата предизвикана од Ковид-19, 32 отсто очекуваат дека тоа ќе биде Србија, 26 отсто одговориле оти тоа го очекуваат од ЕУ, Русија 13, Турција 13, Кина десет отсто, САД девет проценти…

 

Во документот се наведува дека стратегиската комуникација на ЕУ може и мора повеќе да направи во земјата, а властите во Скопје треба да се стремат да обезбедат релевантни и навремени податоци и информации со цел граѓаните да имаат појасна слика за ситуацијата, т.е. од каде доаѓа поддршката во дадената ситуација. Во овој случај, посочува истражувањето, тие колективно не успеаја.

Натаму, посочува истражувањето, кога се работи за обезбедување помош за С Македонија од почетокот на пандемијата, тајмингот, за разлика од квантитетот, беше од суштинско значење за формирање на перцепцијата на граѓаните. Во таа насока, според официјалните податоци за тоа колку вакцини доби земјава, до 1 декември годинава, во С Македонија се пристигнати 2.097.162 вакцини, од кои 921.180 се донација. Повеќето од овие донации 741.000 доаѓаат од ЕУ и нејзините земји-членки, 48.180 вакцини донираше Србија, 30.000 Турција и 100.000 Кина.

За 44 отсто од македонските граѓани полноправното членство во ЕУ е најдобра опција, 18 отсто сметаат дека тоа е близок однос со ЕУ како на пример економска интеграција, 15 отсто сметаат дека целосно треба да се напушти концептот на пристапување во ЕУ, а 13 отсто суспензија на пристапувањето.

Од опции кои ги преферираат, 33 отсто Македонци ја таргетирале Германија, седум отсто Хрватска, Словенија шест отсто, Унгарија два отсто, Австрија 12 проценти, Грција, Италија и Шведска со по еден отсто… Дури 17 отсто одговориле дека не знаат или одбиле да одговорат.

Резултататите покажуваат дека останува поддршката за НАТО со високи 68 проценти, а во споредба со земјите од регионот во Албанија тој процент е 89,1. За националната безбедност, пак, Северна Македонија треба повеќе да се потпира врз ЕУ, сметаат 22 отсто, врз НАТО 19, Русија 16, САД 13, останатите земји од Западен Балкан 10 отсто, Турција шест и Кина четири отсто.

Во однос на тоа која држава има позитивно влијание (политичко, економско, воено, културно…) 49 отсто од испитаниците смеаат дека најпозитивното влијание доаѓа од Турција, 41 отсто од ЕУ, 37 проценти од Русија, 36 отсто од САД, 34 отсто од Светска банка и ММФ, од Кина 30 отсто и од земјите од Заливот 16 отсто.

Негативно влијание, пак, анкетираните одговориле дека најмногу доаѓа од земјите од Заливот со 28 отсто, од САД со 24, Кина, 22, ЕУ 21, Русија 21 отсто, Светска банка и ММФ 17 отсто и Турција со десет отсто.

Истражувањето е спроведено од Ипсос и реализиранa во сите земји од регионот со фокус на три клучни теми – доверба, надворешни чинители и ЕУ. Во Северна Македонија истражувањето е спроведено во август годинава взр репрезентативен примерок од 1100 испитаници.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ