Од Министерството за здравство сопшуваат дека се пристигнати новите 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП). Во текот на наредните денови ќе бидат регистрирани и пуштени во употреба. Шест од 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите шест ќе бидат распредели таму каде што е најпотребно.
„Со новите возила значително се подобруваат условите за работа на здравствените работници и на пациентите им се овозможува услугата која им е неопходна. Примарната здравствена заштита е клучна алка во здравствениот систем и зајакнување на капацитетите на примарно ниво е од круцијално значење за подобра здравствена заштита на граѓаните во Република Северна Македонија“, додаваат од министерството.
По спроведената електронска аукција во месец ноември 2018 година, при набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра. Возилата се набавени од реномираниот производител RENAULT, опремени за Итната медицинска помош.
Д.М.












