Претседателот на државата и Врховен командант, Ѓорѓе Иванов, ја бојкотираше денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.
Од Владата велат дека Иванов бил официјално и уредно поканет.
На церемонијата не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
Д. М.