Иако постои тенденција на намалување на трошоците на пратениците кои во периодот од 2015 – 2019 година потрошиле речиси 3 милиони евра, ДКСК сметаат дека потребно е натамошно регулирање на оваа проблематика.
ДКСК смета дека итно е потребно консолидирање на законската и подзаконската регулатива и нејзино усогласување со реалните можности на државата и потребите на пратениците утврдување на прецизни критериуми за користење на правата на надоместоци на пратениците по сите основи, а сето тоа да биде поткрепено со методологија со која јасно и недвосмислено ќе се утврди правото, видот и видот на надоместоците кои пратениците можат да ги користат по сите основи.
„Сите сме сведоци дека ние не сме многу богата држава, напротив. Како и дека многу тежат капките пот на луѓето коишто двојат средства во буџетот на државата. Секој денар треба да се цени рационално и така и да се троши. Да не не сфатат погрешно, ние немаме намера да ограничуваме нечие право. Туку во рамките на можностите на државата спрема одредена методологија за утврдување на правото и за висината на надоместоците да се утврди најрационално користење на буџетските средства со што на пратениците би им се овозможило да функционираат и да доаѓаат до Скопје. Но, сепак тоа да биде во некои ограничени рамки. Да не се тоа олку големи износи на средства, затоа што близу 3 милиони евра за четири – пет години се огромни пари!“, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Маја Ивановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Маја Ивановска