Во неколку медиуми осамнаа наслови дека поглаварот Сулејман Реџепи во име на ИВЗ го поддржува кралот на Саудиска Арабија во случајот со убиениот саудиски новинар Џемаил Кашоги во конзулатот на оваа земја во Турција.
За ЦИВИЛ Медиа од Исламската верска заедница на Македонија велат дека пред неколку испратиле писмо за поддршка на Саудиска Арабија во кое исклучиво ја поддржуваат грижата и заштитата на Мека и Медина, светите исламски места, кои се Кибла (страната на светот на која се наоѓа Каба во Мека и кон која се вртат муслиманите при клањањето во молитвата) за сите муслимански верници.
„На овој став и поддршка ние сме стоеле и ќе стоиме цврсто, денес и секогаш. Поддршката на ИВЗ нема никаква врска со новинарот Кашоги и со развојот на настаните што следат, затоа што нашата институција е религиозна и не се занимава со прашања од други сфери, и нема намера да се меша во ставовите и политичките ориентации на ниедна држава. Се надеваме дека ова појаснување е доволно за да се објасниме во нашиот став за можните криви толкувања и намерните измислици за случајот Кашоги“, истакнуваат од ИВЗ.
Дехран Муратов