Исламската верска заедница привремено го повлекува ултиматумот, за да не бидат политички злоупотребени во пресрет на претседателските избори. Порачаа дека нема уцена, но има дискриминација.
Од ИВЗ повикаа за надминување на проблемите, откако вчера премиерот Зоран Заев рече дека зад писмото на исламската верска заедница гледа лични интереси, и дека како и сите други религиски заедници и ИВЗ треба правдата за имотите да ја бара на суд.
Раководството на ИВЗ не се откажува од денационализација на имотот, битка која ја водат веќе 20 години.
За Али-прашината џамија во Охрид велат не постои сила што ќе ги натера да престанат со, како што велат реставрацијата на минарето и покрај тоа што секојдневно се соочувале со притисоци од судот и институциите.