• Latest

Избирачкиот список од утре на увид, актерот Тони Михајловски сака да биде градоначалник, конкурсот за попишувачи отворен до 25 август

August 20, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Избирачкиот список од утре на увид, актерот Тони Михајловски сака да биде градоначалник, конкурсот за попишувачи отворен до 25 август

August 20, 2021 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Утре почнува увидот на Избирачкиот список

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Нема потреба од ширење паника и неточни информации зашто МОН и Министерството за здравство дневно ја следат состојбата и доколку добиеме препорака за промена, во истиот момент ќе бидеме спремни да промениме се што ќе ни биде кажано“, изјави денеска министерката Мила Царовска, повторувајќи дека од 1 септември училиштата ќе бидат отворени за сите ученици и дека тоа е прво и нај посакувано од трите сценарија за почеток на новата учебна година.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.

КОВИД-19 Невакцинирани 85 отсто од новите КОВИД случаи и 91 процент од хоспитализираните.

КАНДИДАТИ ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет усвои нови 19 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. На денешната прес конференција, потпретседателот Владо Мисајловски ги објави имињата на кандидатите на опозициската партија за неколку општини. Повторно изостана името на кадидатот за градоначалник на Скопје.

ДИК Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно до вчера собрани се потписите за четири независни советнички листи за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври. Тоа се листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски, продолжува со навреди и клевети кон граѓански активисти и медиуми

ВМРО-ДПМНЕ, како и Левица, се ноторно познати по ширење говор на омраза и дезинформации. Тие се често опфатени во извештаите и анализите на релевантни меѓународни и домашни организации, а само една од нив е и студијата за дезинформациите во издание на Европскиот парламент.

Во еден од своите најнови напади против граѓанските организации, портпаролот на парламентарната политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук го клевети и му се заканува на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Новинарот и активист Дехран Муратов, ЦИВИЛ, со своето учество во иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓан(к)ите дека не треба да ги учиме нашите деца дека „сите се исти“, напротив, треба да ги учиме дека сите се различни, се раѓаат различни, но дека сите имаат исти права.

„Различностите кај нас се богатство, никако не може да бидат проклетство. Нашето општество е како една овошна салата, односно колку повеќе различни овошја има толку таа е поубава, побогата, поразлична… Исто ката и во останатите салати, на пример македонската, грчката или шопската салата е поубава ако има различни зеленчуци таа е поубава. Така е и со луѓето, доколку во едно општество има различни етникуми, различни верски заедници тогаш тоа општество е поубаво и побогато“, истакна Муратов.

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро.

                                       ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

СЛОБОДНА ЗОНА

„Е, мое Димче, Димче… засега седумдесет и кусур земји ќе им подадат рака на луѓето од Авганистан, а не само ние Албанија, и Косово, како што тебе ти се гледа во твојот кусоглед политикански диоптер.

Малциозноста и немањето емпатија не можат да се скријат, тие се гледаат во гневот, во лошотилакот, во ликот, ама бар срамот да знаеш да си го покриеш и да не пласираш лаги. Ако не за друго, туку за дигнитетот на професорската ти и докторска титула со која грлце искинуваш од истакнување, неа да ја поштедиш“, пишува Јане Ѓорѓиоски во колумната „Така е Димче, само ние и уште 70+ други држави ќе прифатиме Авганистанци во неволја“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ