Утре во Грција ќе се одржат предвремените парламентарни избори, а според анкетите направени изминатиот период се очекува владиното мнозинство да го освои опозициската Нова Демократија.
Премиерот Алексис Ципрас најави предвремени избори веднаш откако неговата партија „Сириза“ загуби од конзервативната опозиција како на европските избори, така и на локалните. Лидерот на „Нова Демократија“, Кирјакос Мицотакис, останува фаворит и во овој изборен процес.
Се смета дека опозицијата ќе добие повеќе од половина од местата во парламентот со 300 места. Во спротивно ќе има нови избори. Покрај Сириза, се очекува во парламентот да бидат претставени и помалите партии како „Движење за промени“, „Комунистичката партија“, и неонацистичката „Златна зора“.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас тврди дека тој е одговорен за излез на Грција од финансиската криза, а беше и номиниран за Нобеловата награда за мир за решавање на долготрајниот спор за името со Македонија, но сепак веројатно е пред очекуван пораз на предвремените парламентарни избори кои се одржуваат утре.
Ако предвидувањата во неделата се остварат, Нова Демократија ќе има апсолутно мнозинство од 155 до 164 пратеници од вкупно 300 во парламентот, во зависност од исходот на другите партии. Три помали партии треба да го преминат прагот од три отсто и да влезат во парламентот: левиот центар КИНАЛ, комунистите и екстремната десница Златна зора.