• Latest

ИЗБОРЕН РАПОРТ #8: Во првата недела нотирани случаи на црна кампања, политичка злоупотреба на деца, кршење на КОВИД-протоколите и други неправилности

October 4, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРЕН РАПОРТ #8: Во првата недела нотирани случаи на црна кампања, политичка злоупотреба на деца, кршење на КОВИД-протоколите и други неправилности

October 4, 2021 12:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е сезона на бескрајно додворување. Во своите кампањи, политичките партии, која колку може, раскажуваат колку постигнале, а уште повеќе што ќе постигнат ако ја добијат довербата на гласачите. Цивил спроведува континуиран мониторинг на клучните политички процеси и настани во земјата во повеќе области, вели Џабир Дерала од ЦИВИЛ, во осмото издание на „Изборен рапорт“.

ГЛАВНИ НАОДИ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ

Мониторингот на настаните и процесите во изборен контекст е започнат од почетокот на 2021 година, а особено се интензивира во две фази, на почетокот на јуни, а потоа и со ангажирањето на долгорочните набљудувачи на 15 август.

Во тој подолг период се бележат повеќе настани и процеси, од кои ЦИВИЛ посебно ги истакнува:

1. Долго пред почетокот на официјалната изборна кампања се бележи политичка кампања во изборен контекст.

2. Црна кампања со говор на омразата кон политичките конкуренти, дезинформации и манипулации.

3. Донесување изборни измени непосредно пред почетокот на изборниот процес, наспроти препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на националните организации како ЦИВИЛ, МОСТ и други.

4. Дезинформации и манипулирање со факти поврзани со процеси и настани со цел да се дискредитираат политичките конкуренти

ГОЛЕМ БРОЈ АКТИВНОСТИ НА ПАРТИИТЕ

Да видиме што донесе изборниот мониторинг на ЦИВИЛ во првата недела од официјалната изборна кампања која започна на 27 септември.

Мониторингот тимовите на ЦИВИЛ во соработка со Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА во текот на првата недела од кампањата објавија 10 изданија на изборната хроника, поместена во рубриката Политички ОК Корал.

Во оваа рубрика, покриени се 19 активности на ВМРО-ДПМНЕ, 17 на СДСМ, 12 на ДУИ, 9 на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и 10 активности на помалите партии Твоја, Гром, ДОМ/ЛДП и 8 на независните Шанса за Центар и Зелен хуман град.

КРШЕЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА

За истиот период, мониторингот на ЦИВИЛ нотира голем број случаи на кршење на принципите на добрите изборни практики и изборните правила и тоа во категориите:

1. Говор на омраза

2. Злоупотреба на деца во политичка кампања

3. Злоупотреба на службената положба за изборни цели

4. Злоупотреба на службените простории за изборни цели

5. Кршење на протоколите за заштита од КОВИД-19

6. Црна кампања

ИНЦИДЕНТИ И СЛУЧАИ НА ГРУБО КРШЕЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА:

1. Пукање со огнено оружје при отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир, 28 септември

2. Фрлена бомба во дворот на кандидат за советничка листа на СДСМ, 2 октомври

3. Притисоци за присуство на митинг на ДУИ од раководител на една образовна установа, 1 октомври

4. Тепачка и уништувања на изборен материјал во Градско, 29 септември

ГОВОР НА ОМРАЗА И ЦРНА ПРОПАГАНДА

Мета: Петре Шилегов

Црната пропаганда и говорот на омразата се придружен елемент на предизборните активности на дел од политичките субјекти кои учествуваат на локалните избори.

Изминатава недела предничи навредлива кампања против актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов, која предизвикува коментари со говор на омраза на социјалните мрежи.

Се бележи отворено и безрезервно учество и поддршка на црната кампања од истакнати партиски функционери и поранешни или актуелни пратеници во македонското собрание.

Мета: Фондацијата СОРОС и Град Скопје, односно Петре Шилегов

Случајот со Извидничкиот камп дел од медиумската машинерија на опозицијата го искористи за оцрнување на Фондацијата СОРОС, односно преку тој случај постои обид да се стави црна дамка врз граѓанскиот сектор. Исто така, и Шилегов е мета на говор на омраза во врска со тој случај.

Мета: Зоран Заев

Континуирана мета на говор на омраза е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во сите случаи се забележува дека се добро планирани и поддржани од одредени политички субјекти во земјава.

ЦРНА ПРОПАГАНДА ПРОТИВ ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Се бележи црна пропаганда со дезинформации и навреди против граѓанското општество и ЦИВИЛ, на ТВ Алфа, како и на социјалните мрежи. Црната пропаганда најчесто се служи со креирање, најчесто дезинформации, манипулации со факти и теории на заговорот, содржини кои предизвикуваат говор на омразата, а неретко и повици на насилство. Црната пропаганда има цел да се дискредитира политичкиот противник во изборната трка.

Се бележи и голем број случаи на ширење дезинформации за што е формиран и посебен тим во состав на ЦИВИЛ. Дел од случаите се претставени и во емисијата „Кратки нозе“ која досега имаше три изданија.

ЗЛОУПОТРЕБА НА НАСТАНИ И ПРОЦЕСИ

Во политичката пропаганда со изборен контекст забележливо е дека се злоупотребуваат одредени настани и процеси со цел одредени субјекти да се здобијат со политички поени во јавноста. Се издвојуваат три теми и настани и тоа:

Спасувањето на цивилите од Авганистан предизвика лавина од теории на заговор и говор на омраза со ксенофобична содржина и нетрпеливост по етно-религиски основи.

Пописот веќе подолго време беше и остана тема врз чија основа се плетат разни теории на заговорот и дезинформации, како и повици на бојкот, со цел да се внесат поделби и меѓуетничка нетрпеливост, кои потоа се користат во политичката пропаганда.

Трагедијата со пожарот на модуларната КОВИД-болница во Тетово беше и сè уште е употребена за дискредитација на политичкиот противник.

ПОВИЦИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И НАЦИОНАЛНИ ТЕМИ

Во извештајот на ЦИВИЛ од првата недела на изборната кампања се бележат и континуирани повици за предвремени парламентарни избори.

Во кампањата доминираат национални теми, а на теренот секојдневно се наоѓаат лидерите на политичките партии кои ги фрлаат во сенка локалните кандидати за функции во локалната самоуправа.


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ