• Latest
epa08539540 Supporters of the ruling SDSM party wearing protective face masks, attend the main election campaign rally in Skopje, Republic of North Macedonia, 10 July 2020. North Macedonia will hold elections on 15 July.  EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изборен рапорт на ЦИВИЛ, реформите во судството даваат резултат, предизборната кампања се вжешти за време на викендот

October 25, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Изборен рапорт на ЦИВИЛ, реформите во судството даваат резултат, предизборната кампања се вжешти за време на викендот

October 25, 2021 17:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
epa08539540 Supporters of the ruling SDSM party wearing protective face masks, attend the main election campaign rally in Skopje, Republic of North Macedonia, 10 July 2020. North Macedonia will hold elections on 15 July.  EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

epa08539540 Supporters of the ruling SDSM party wearing protective face masks, attend the main election campaign rally in Skopje, Republic of North Macedonia, 10 July 2020. North Macedonia will hold elections on 15 July. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

ИЗБОРЕН РАПОРТ #25

„Свиркач“ од избирачки одбор за проблемите на денот на гласањето, партиите се борат за глас повеќе на сметка на туѓата несреќа, попречување на работата на ЦИВИЛ

Во денешното, 25-то издание на Изборен рапорт на ЦИВИЛ, објавивме две стории, една од „свиркач“ од еден избирачки одбор, а втората за една потресна ситуација со која се соочува семејството на едно лице со посебни потреби.

Сведоштво на член на избирачки одбор: Денот беше исполнет со проблеми, граѓаните коректни и трпеливи, подготовката слаба, за глас повеќе, се прават невозможни комбинации и притисоци, Притисоци и попречување на работата на набљудувачите на ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Маричиќ: Реформите во правосудството даваат резултат

„Денеска, кога се одбележува Европскиот ден на правдата сакам да ви порачам дека Министерството за правда и Владата продолжуваат уште посилно да работата за модернизација на судството, што веќе резултира со зголемена транспарентност и ефикасност. Дозволете ми да ве потсетам дека само за една година успеавме да ги намалиме судските такси за 8 пати, успешно спроведовме попис, ги дигитализиравме услугите за граѓаните, донесовме нов Закон за заштита на личните податоци со кој се гарантира поголема дигитална безбедност за граѓаните, направивме измени на Кривичниот законик и на тој за граѓанска одговорност, со кои заштитата на новинарите сега е на многу повисоко ниво. Воведовме нови кривични дела како „Демнење“ и „Полово вознемирување“. Започна филтрација во судството и досега 16 судии се разрешени поради пропусти во работењето. Обезбедивме меѓународен мониторинг на судските случаи за висока корупција и организирани криминал. Зголемени се платите на судската полиција. Постигната е договор за етапно зголемување на платите на судиите и судската администрација. Се разговара и со обвинителите. Министерството за правда се отвори за средношколците кои сега тука извршуваат практична работа. Се реконструираат повеќе затвори. Го отворивме Волковија – најмодерниот Воспитно-поправен дом во регионот. Затворската полиција добива нови униформи и ова навистина е само дел од работите кои успеавме да ги направиме за само една години“, напиша министерот за правда, Бојан Маричиќ во пораката до граѓаните по повод Европскиот ден на правдата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ТРАНСПАРЕНТНОСТ Државната изборна комисија (ДИК) најостро ги осудува дејствијата со кои на 17 октомври, денот на изборите, на медиумски работници и акредитирани набљудувачи на изборите им беше попречен пристапот до одредени гласачки места.

ДКСК И во овој извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, повторно се нотира напредокот во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси и се оценува дека Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отворање голем број предмети, вклучително на оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници.

ААВМУ Извештајот за медиумското известување за периодот од 27 септември до 15 октомври, што го објави денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, покажува дека не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик од страна на радиодифузерите во тек на известувањето во првиот круг од кампањата за Локалните избори 2021.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ 

Изборната кампања се повеќе се разжестува, освен вербални дуели, почнаа и физички пресметки. Изминатиот викенд се регистрирани неколку инциденти помеѓу политичките противници, односно тепачки и физички напади. Но, покрај физичките напади, не изостанаа ниту заканите кон политичките неистомисленици, каков што е случајот во кој обезбедувањето на Мицкоски се заканувал на граѓанин од Вевчани дека „ќе види кога ќе дојдат на власт“.

ЦИВИЛ ИНФО

Вториот круг на гласањето ќе го набљудуваат 284 акредитирани набљудувачи на ЦИВИЛ, како и првиот круг. Во текот на гласањето, ЦИВИЛ ќе одржи повеќе прес конференции, во 10, 12, 16 и 19:01 часот, како и еден или повеќе вонредни термини.

АНАЛИЗА

„Во историја на развојот на нашите градови се создаваше една органска дуалност, пред се со просторна и социјална диференцијација  која понатаму се одразува на самата слика на градовите. Оваа метафора на развојна дистинкција ја создаде сликата на денешното Скопје како најпластичен пример на американскиот феномен на  “Redlining” (систематско игнорирање на една класа на луѓе и создавање на неинтегрираниот слој на општеството кој подоцна повлекува низа негативни домино ефекти). Не навлегувам во сржта на феноменот, ниту ми е целта да го разработувам (иако е многу интересен), но го спомнувам  од една перспектива на економски и урбанистички пристап на развојот на градот кој недостасуваше во одредени делови, и доведе до ситуација Скопје да стане дуален во својот карактер по физичка, ментална , економска, историска и социјална природа.“, Мерита Максути во анализата „Дуалноста како просторен идентитет на градовите“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Денеска, конечно, стана главна политичка мода да се зборува за корупција, за социјален стандард и за функционирање на правната држава, иако добар дел од најгласните критичари на власта на овие теми (со гласна помош на нивните процесни адвокати и партиско-пропагандни канти за тропање) сѐ уште се борат во правните лавиринти за, евентуално, да ја докажат својата невиност. Како со Шарената револуција: разни фејсбук-иверки и манекени денеска арогантно држат лекции по храброст и демократија, иако тогаш нивниот ризик се сведуваше на тоа дали дента на маршевите ќе врне, а чадорот го заборавиле дома. Колкумина собраа храброст пред десетина години да истрчаат како независни кандидати на избори, кога со шепот и во кафеани се спомнуваше Името Негово, а не па да настапат самостојно, по седењето во коалицијата на власт со ВМРО-ДПМНЕ!?“, Сашо Орданоски во колумната „Победата е наша, а поразот само нивен!“

Д. Тахири 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ