Изборни новитети
Државната изборна комисија организира едукативен и информативен караван како дел од кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Самиот караван во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.
Исто така, на овие претседателски избори нема да се чека полноќ за да се дознаат резултатите и победниците од гласањето. Благодарение на одлуката на ДИК за искористување на можностите што ги нуди модерната текнологија, резултатите на претседателските избори ќе се дознаат многу побрзо од времето на другите избори.
Според оваа одлука, претседателите на изборните места електронски ќе пратат до централата на ДИК слика од првиот извештај со резултатите од изборното место. Овие податоци автоматски ќе се објават како неофицијални на веб страницата на ДИК и така ќе се сумираат.
Претседатело на ДИК, Оливер Деркоски, денеска извести дека и наредните денови можат да си аплицираат сите заинтересирани за набљудување на изборниот процес. Досега неофицијална бројка на набљудувачи стигнала до 3815, а 13 меѓународни новинари барале акредитација за следење на претседателските избори на 21 април и 5 мај.
Политичка грижа за животната средина
Од другата половина, поголемиот дел не се пријавуваат на интервјуа за вработување, а и оние малку кои одговораат на поканите, сепак по извршеното интервју не ја прифаќаат понудата. Според директорката на агенцијата, причини се работното место, смените како и платите кои им се нудат.
Хроника
Како што се наближуваат претседателските избори, така се множат и активностите на кандидатите за претседател на државата. Штабовите на независниот кандидат Блерим Река и натпартискиот кандидат Стево Пендаровски – коректни во исвестувањето на медиумите за нивните претходни и претстојни активности. Од штабот на независната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска -Давкова најверојатно се попребирливи, па внимателно ги бираат медиумите на кои што ќе им праќаат „доверливи“ информации за нивните претходни активности.
Се на се, кампањата ги зближи граѓаните во гледање сеир, но, се чини дека ги оддалечува од евентуалниот избор за избор на посакуван претседател.
ЦИВИЛ го одбележа Денот на протестот
Иницијативата за одбележување на 12 април како Ден на протестот започна минатата, 2018 година, со изложбата и перформансот „Протест(и)“ на Александар Кондев во соработка со ЦИВИЛ и дел од активистите на Шарената револуција. Тогаш се роди идејата овој ден да се одбележува како ден на сите граѓански протести за човекови права и слободи, со што ќе им се оддаде признание на граѓанките и граѓанките што низ годините го креваа гласот во името на слободата, еднаквоста и правдата.
ЦИВИЛ ќе поднесе иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија да го прогласи 12 април за Ден на протестот, во чест на прогресивните, продемократски вредности за кои се залагаат огромен број граѓанки и граѓани во земјава.
Б. Јордановска