Изложба на фотографии посветена на албанската дијаспора низ векови „Јас сум Албанец“ ќе се одржи на а 14 октомври 2018 година (недела), во 12 часот, во Национална Галериа на Македонија, Мала Станица – Скопје. Изложбата е во организација на Националниот историски музеј на Албанија, Национална галерија на Македонија и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија.
Изложбата која за тематика ја има миграцијата на Албанците, содржи фотографски материјал за албанската дијаспора низ вековите. Изложбата започнува хронолошки со слика на национален херој Ѓерѓ Кастриот Скендербег, како претставник на славната ера на Албанците, и време кога почнаа првите бранови на албанската емиграција.
Изложбата исто така, има фотографии од првите Aрбереши и нивното преселување во јужна Италија, слики од Aрванитаси и албанската преродба. Фотографијата од првите емигрант во САД е важен момент во изложбата, проследено со слики од првите патриотски друштва во Софија и Букурешт, Каиро, Истанбул и Виена. Остатокот од изложбата, но не и најмалку важно, е претставен преку фотографии на успешни албански личности во нивните земји на емиграција.
Д. М.