Излезноста на референдумот во Дојран до 17 часот е 32,73 % или 899 гласачи од 2.747 во сите осум избирачки места во Општината. Во однос на текот на референдумот, освен помали технички недостатоци, набљудувачите на ЦИВИЛ не регистрираат поголеми нерегуларности. Но, мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува притисоци и опструкции на референдумот.
Граѓанките и граѓаните на Дојран денеска на рефередумот се изјаснуваат за две прашања. Едното е за продолжување на изградбата на рудникот Казандол, а второто е за отворање на рудници на територијата на Општина Дојран.
За успешен референдум во Дојран потребни се повеќе од половина од вкупно 2.747 гласачи. Жешкото време и големата посетеност од туристи во Дојран, но и кампањата против референдумот, се причини за нискиот одѕив. Од своите наоди на терен, ЦИВИЛ констатира притисоци врз граѓанките и граѓаните да не излезат да се изјаснат за референдумското прашање. Се очекува дека во последните часови, сепак, бројот на гласачи ќе се зголеми.
„Досега е нешто помалку од 40% излезност на избирачките места. Можеме да кажеме дека не сме задоволни’“, изјави Јован Џалев, еден од иницијаторите на референдумот во Дојран.
Тимот на ЦИВИЛ е на располагање за јавноста во текот на целиот ден. Граѓанките и граѓаните можат да пријавуваат нерегуларности и на телефонските броеви: 078 746 138 и 075 389 698, а на располагање е и веб- страницата Слободни избори.
Информациите редовно се споделуваат на Фејсбук профилите на ЦИВИЛ и Слободни избори.
На самото затворање на гласачките места во 19 часот, ЦИВИЛ со извештај во живо. Следете не на фејсбук страницата цивил.мк