• Latest

Извештајот за спроведувањето на Европската повелба за локална автономија во Северна Македонија пред Конгресот на локални и регионални власти на СЕ

October 26, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештајот за спроведувањето на Европската повелба за локална автономија во Северна Македонија пред Конгресот на локални и регионални власти на СЕ

October 26, 2021 14:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, кој оваа недела заседава во Стразбур, утре ќе расправа по Извештајот за спроведувањето на Европската повелба за локална автономија од страна на Северна Македонија, јави дописникот на МИА.

Расправата ќе се одржи претпладне, кога по извештајот изработен од членовите на Конгресот, Харалад Бергман и Зденек Броз, ќе се обрати заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димовски, по што ќе следува дебата, како и гласање.

Бидејќи расправата се одржува во пресрет на вториот круг на локалните избори во земјава, во Стразбур не присуствува ниту еден член на македонската делегација при Конгресот на локални и регионални власти. Сепак тие имаат можност да се вклучат преку видео врска на сесијата во Стразбур, која се одвива хибридно – со физичко присуство и онлајн.

Извештајот посветен на начинот на кој се спроведува Европската повелба за локална автономија од страна на Северна Македонија, следи по четвртата посета на земјава од 2018 година.

Земјата ја ратификуваше Европската повелба за локална самоуправа во 1997 година. При набљудувањето е забележана позитивна клима во однос на реформата за понатамошна децентрализација на земјата.

Извештајот ја поздравува важноста што ја дава Владата на нејзината развојна стратегија, за што сведочи усвојувањето на нова програма за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026. Исто така, се потенцира дека од претходната препорака во 2012 година е потпишан и ратификуван Дополнителниот протокол на Европската повелба за локална самоуправа.

Во документот се изразува и загриженост за „недостигот на јасност во законот и практика во врска со распределбата на надлежностите, што доведува до преклопување на надлежностите“.

Конгресот оценува дека локалните власти немаат доволно финансиски средства за остварување на нивните задачи и дека општините и натаму во голема мера се зависни од владините трансфери од централно на локално ниво.

Во  препораката за која ќе се гласа утре, се повикуваат властите на Северна Македонија да ја разјаснат распределбата на надлежностите и да се делегираат повеќе овластувања на локалната самоуправа, како дел од процесот на децентрализација.

– За таа цел, националните власти мора да обезбедат соодветно и пропорционално финансирање за да им се овозможи на општините да ги извршуваат новите задачи предвидени со закон, смета Конгресот.

Во препораката, понатаму  се сугерира Владата да го зголеми уделот на општините во приходите на локалниот буџет и да се воведе поширок систем на изедначување на нивните приходи.

На крај, националните власти се охрабруваат да ја зголемат дигитализацијата, да спроведуваат програми на градење капацитети на локално ниво и дополнително консолидирање на антикорупциските мерки.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ