На 2 години од почетокот на својот едногласно ем консензуално себедоделен мандат, Министерот за доделување на статус, заслуги, еполети и ордени за првоборци и жртви на режимот, ја известува поштованата јавност дека борбата против режимот не започна во 2016 со Шарената револуција. Ниту пак во 2015 со бомбите, ниту во 2014 со пленумите.
Известувањето се упатува, бидејќи списокот на потенцијални добитници на статусот борец против режимот го надмина и Избирачкиот список, сосве фантоми!
Затоа, се молат заслужните, при аплицирање за статуси, еполети, чинови, а богами и ордени за заслуги во борбата против режимот, да ги докомплетираат своите документи, односно богати боречки биографии со претходни „борби“ и јунаштва, на Фејсбук или Твитер сеедно (скриншот, миншот и све то што иде), а може и пред таа ера, и/или да се пријават со два сведока на ШалтерО за баци рака во канцелариите на министерО, ете така!
#AluminiumToTheMaximum
#NieSmeLudaci
#DaSamImaoTolikoPartizanaOsvojioBiBerlin
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.