Државната комисија за спречување на корупцијата немаат отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор како осомничена во случајот Рекет.
Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за купување половно возило. Јанева, но и другите обвинители од СЈО најдоцна за 30 дена по разрешувањето или престанок на мандат треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба.
ДКСК уште работи на случаите Тополки и Рашковски, но за вториот случај, кажа Ивановска ќе биде потребно подолго време.
Извор МИА