Јавниот превоз во Париз и парискиот регион и денеск е нарушен и се одвива со голема отежнатост, откако синдикатите одлучија да продолжат со штрајкот против реформата на пензискиот систем.
Изутринава само во Париз и неговиот регион се измерени 470 километри автомобилски колони, поради преоптоварените патишта. Ова е последица, најмногу, поради штрајкот на вработените во јавниот превоз.
Десет од шеснаесет линии на метрото во Париз се затворени (2, 3, 3бис, 5, 6, 7бис, 10, 11, 12 и 13). Автоматските линии 1 и 14 ќе циркулираат нормално со ризик од преполнетост за време на најфреквентните часови (6:30-9:00 и 16:30-19:30). Слично е и за линијата Орливал, која ќе сообраќа нормално.