На конференцијата „Перспективи 2019“, Биљана Јордановска од ЦИВИЛ зборуваше за она што нè очекува во 2019, за екологијата, социјалната правда и претстојните претседателски избори.
За социјалната правда Јордановска смета дека таа се поврзува со кршењето на работничките права, невработеноста или превработеноста во некои сектори. Во тој контекст и за време на изборната кампања за претседателски избори повторно ќе се решаваат локални проблеми за нечии партиски профити.
Јордановска зборуваше и за низа аспекти коишто сè уште не се регулирани за да можеме конечно да имаме фер и демократски избори, како Избирачкиот список, кршењето на правото на глас и корупцијата.
На конференцијата #Перспективи2019 воведни излагања имаа германскиот амбасадор Томас Герберих, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Александар Кржаловски (МЦМС), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Кочо Андоновски (Центар за поддршка на ЛГБТИ+) и Фатон Алити. Од ЦИВИЛ зборуваа Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
М. Ивановска
Фотографија: Горан Наумовски