Замислете, избеганиот криминалец од Будимпешта се јави и за пописот.
И тоа, после неговиот попис во 2011, што беше прекинат по негова наредба, без законски основ, што ги продлабочи поделбите во земјата и ги чинеше граѓаните 14 милиони евра.
Не знам сте забележале, што повеќе го пече и што повеќе е тој директно виновен за некој крими-гулаш од минатото, толку се подолги ФБ чаршафите на некогашниот македонски премиер а сегашен унгарски граѓанин и гласач во 5ттиот дистрикт на Будимпешта.
А во тие чаршафи, ништо ново што веќе не го кажале или наговестиле од неговата „оливери“ армија. Алуминиум, подмачкан со маслиново масло.
Повторно – против својата татковина. Против статистичка операција што е клучна за нејзиниот развој во многу полиња и области, а која што тој сака пак да ја злоупотреби за басната од која живееше цела деценија – етнички поделби.
Ни перде, ни срам. Не ни кажа само – каде ќе се попише самиот тој, на македонскиот или на унгарскиот попис?
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.