пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Кажете му на левото Димче, тешка правна и уставна дрндупка, дека неговиот шовинистички филм за доминантен „народ“ и други „малцинства“ – не игра ниту во Уставот, ниту во законите на Македонија. Ни во оваа држава и систем денес, ниту во таа некогаш во социјализмот.
Пустиот тој. Не додржа ниту еден ден да биде џедај, левичар и космополит што се бори против дискриминацијата, која самиот ја практикува.
Денес, откако ја сфатил штетата по „патриотскиот“ имиџ и лагите дека „се бришат Македонците“, за да спаси образ за глупавите 1200 амандмани со кои спречува и Македонците јасно да се пишат во лична карта, удри по припадниците на другите народи во Македонија.
Како малото лево Димче ја „замишља“ еднаквоста? Исто како свињата во „Животинската фарма“ на Орвел. Димче сака сите да се еднакви, ама некои да биле поеднакви. Да им се знае местото на помалите каде им е. Да се знае кој е „стопанот“, а кој „кираџијата“.
Кажете му на левото Димче. Ваквите како него ги победивме и во НОБ, и кога се распаѓаше Југославија и се осамостоивме, а богами и пред неколку години, кога ги врзувавме нашите знамиња и го победивме етно-националистичкиот режим на Груевски. Ако треба пак да победиме, тука сме!