Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија во Европскиот Парламент (ЕОО), кој е сериозен кандидат за иден претседател на Европската Комисија, а воедно и близок соработник на Ангела Меркел, вчера, на својот „твитер“ профил напиша:„Јас целосно ја поддржувам чувствителноста на грчкиот народ, но прашањето за името на БЈРМ. Не дадов интервју на оваа тема. Го поддржувам ставот на Киријакос Мицотакис и силно верувам дека тој ќе ја поведе Грција кон стабилност и просперитет, спротивставувајќи му се на популизмот“.
Со ова тој негираше дека го поддржува договорот од Преспа, нагласувајќи дека неговите ставови се во иста линија со грчкиот опозиционер Кирјакос Мицотакис.
Наспроти него, „Еуроактив“ тврди дека Вебер изјавил дека е неопходно решение за спорот помеѓу Атина и Скопје, каде во изјавата стои: „ На сите им е јасно дека прашањето за името на Македонија мора да се реши и да се овозможи позитивна, економска и европска иднина“.
Новинарот, Георги Готев од „Еуроактив“ каде е објавена изјавата на Вебер изјави дека ќе ја објават снимката.
Ј. М. П.