Објавуваме преглед од поентите на Џевдет Хајредини во последните три дена, преполни со оценки засновани на факти што алармираат.
6 април 2019
Од еден од тие, што сега е вицепремиер за ЕУ интеграции, кои во текот на скоро десетгодишната заедничка власт со ВМРО, наодите на ДЗР за злоупотребите во трошењето на средствата на државниот буџет премолчено, без да ги негираат, ги игнорираа и со корупцијата, Македонија ја искачија на прво место на Балканот, дури сега слушаме дека оваа институција да ти била „клучна во контролирањето на јавните средства“ и дека ќе сме морале „да го исполниме барањето на ЕУ и да направиме таа да стане уставна категорија, нешто што е услов за почнување на преговорите со ЕУ“.
7 април 2019
По многу години, вчера имавме можност да видиме како децата ги постилаа улиците со цвеќиња за да го пречекаат саканиот „лидер“, за време на неговата посета во Охрид, исто како на Другарот Тито и Чичко Енвер, каде што се пречека од илјадници здружени граѓани во духот на братство – единство.
Ова е флагрантен пример на злоупотреба на деца во предизборна кампања.
7 април 2019
Јас претпоставувам дека со уште поголемо задоволство отколку Стево Пендаровски, Али Амети и Имер Селмани, не поради исти мотиви, како консензуален кандидат би го посакале и би го подржале Никола Груевски, доколку беше во можност да се кандидира.
8 април 2019
Со која цел се заборава дека Венецијанската Комисија препорача сите “бомби” да се објават, па дури и оние со приватни разговори ако го допираат јавниот интерес.
8 април 2019
Според мое мислење, ако се случи Гордана Силјаноска да победи на изборите, од неа во иднина најнезадоволни ќе бидат тие од ВМРО.
Таа нема капацитет да ги исполни нивните очекувања.
9 април 2019
Само што се појави и пред да научиме што значи, се изгуби зборот скрининг, а се роди “Работниот Комитет” за евроинтеграции, се прогласи вонредна состојба, се изврши целосна мобилизација од министри до хигиеничари, исчезнаа бомбите и ќе се спасат тие за кои се формираше СЈО. Успешно завршена вежба, нема што.
9 април 2019
Правилно постапи Заев кога одлучи да се укине СЈО, откако исчезнаа бомбите и со тоа ќе се спасат и тие за кои беше формирано.