Германската канцеларка Ангела Меркел го испрати својот советник Валтер Дефа за македонската Влада. Неговата задача е да ги учи властите како да ги водат економските политики и да помогне во развојот на македонската економија.
Дефа е доктор по економски науки, работел во Европската комисија од 1983 до 2016 година. Меѓу другото, бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го водел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската комисија.
Во земјава е испратен по барање на канцеларката Меркел, која при ланската посета на Скопје најави дека германски експерти ќе помагаат во развојот на економијата.
Дефа е прв германски советник кој целосно го плаќа германската Влада. Во следниот период ќе се бара уште еден, кој ќе добива и германска и македонска плата.