Categories

КРИВИЧЕН СУД Ќе има судски процес за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Обвинението за случајот „Талир“ на СЈО кое се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е прифатено во целост, информираа од Кривичниот суд.

Предметот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија, по што тој ќе треба да го закаже и почетокот на судскиот процес.

Со обвинението се опфатени се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“.За истото дело, како правен субјект, со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Од овие лица, само на Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи пред неполн месец таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт во „Талир“, кој се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата, а е поднесен против Никола Груевски и Кирил Божиновски. Меѓутоа, ова обвинение сѐ уште се наоѓа во рацете на судија за оценка на обвинителен акт.

Kривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на СЈО за „Талир“ на 28 ноември 2018 година донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email