• Latest

Нема реконструкција, туку нова влада и премиер, Алтернатива начелно влегува во Влада, прекршочни глоби од ДКСК, Линхард за почеток на преговорите во декември

November 18, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Нема реконструкција, туку нова влада и премиер, Алтернатива начелно влегува во Влада, прекршочни глоби од ДКСК, Линхард за почеток на преговорите во декември

November 18, 2021 16:18
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

СП ЕКСКЛУЗИВНО: Ќе нема реконструкција, туку нова влада со нов премиер!

По окрупнувањето и зацврстувањето на парламентарното мнозинство, кое се очекува да се случи наскоро, премиерот Зоран Заев ќе ги активира оставките што ги најави – и на функцијата премиер и на лидерската во СДСМ. Потоа ќе следува избор на нов лидер на СДСМ, а тој ќе биде и мандатар за состав на новата влада, дознава Слободен печат од свои извори.

Ќе нема реконструкција на Владата, туку нова влада што ќе ја состави нов премиер, кој ќе биде и лидер на СДСМ, изјавуваат за „Слободен печат“ добро упатени извори од кабинетот на актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. По окрупнувањето и зацврстувањето на парламентарното мнозинство, кое се очекува да се случи наскоро, премиерот Зоран Заев ќе ги активира оставките што ги најави – и на функцијата премиер и на лидерската во СДСМ. Според ова засега неофицијално сценарио за развојот на настаните, по официјализирањето на оставките ќе следува избор на нов лидер на СДСМ, а тој ќе биде и мандатар за состав на новата влада, вели нашиот извор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Реџепи: Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата

 Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија. и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи“ – изјави за „Слободен печат„ Скендер Реџепи од Алтернатива.

Тој вели дека досега немало понуда за министерски позиции. Очекува сликата да биде појасна по средбата помеѓу Заев и Гаши која треба да се случи деновиве.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Од први јануари 2022 година познатата штипска конфекција „Вабо“ ќе премине во рацете на работниците. Во нивно име (во име на работниците) со овој стопански колектив ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во конфекцијата и Дарко Роглев, референт по извоз.

-Вчера имавме собир на работниците на кои ја објавив мојата одлука, а на кој собир ги претставив Николова и Роглев. Всушност на работниците им ја дадов на користење фабриката со целата опрема во неа при што во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка, во што не се сомневам, ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производен простор колку што има конфекцијата, ни изјави Ване Богдов кој пред 25 години ја започна успешната приказна во животот и во развојот на конфекцијата „Вабо“, пренесува Исток прес.

ИЗБОРИ Државната изборна комисија денеска на седница одлучува по приговорите што беа доставени за постапките за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар.

АНТИКОРУПЦИЈА Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница запре неколку предмети за недоставување или задоцнето поднесување Анкетен лист од страна функционери и именувани лица, откако прекршочната комисија во Антикорупција им има изречено прекршочни пријави и соодветни глоби.

СРЕДБА Се надеваме на почеток на преговорите со Северна Македонија во декември, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Скопје.

– Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање, и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно, порача Линхарт.

Тој оцени дека започнувањето преговори во декември не е важно само за Северна Македонија и за Албанија, туку тоа може да има позитивни влијанија за целиот регион на Западен Балкан.

СОСТАНОК Премиерот Зоран Заев на денешниот состанок со федералниот министер за надворешни работи на Република Австрија, Михаел Линхарт рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и очекува негово зголемување.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека не очекува да има предвремени парламентарни избори.

-Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата, рекол Заев на средбата со Линхарт.

ПРЕГОВОРИ Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

РАЗГОВОР Денеска во просториите на Владата на Република Северна Македонија премиерот Зоран Заев имаше средба и разговараше со пратеникот Кастриот Реџепи.

Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја.

ИНДЕКС ЗА БЕЗБЕДНОСТ Според индексот Република Северна Македонија споредбено со седумте земји од регионот на Западен Балкан покажува подобрување на состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници. Сепак во однос на мерките за превенција во земјата, во индексот наведено е дека продолжува општата политика на неказнивост на напаѓачите кон новинарите.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сега не е време за лојални партиски кадри на министерски и директорски државни позиции туку за чесни, самопрегорни, храбри, енергични министри и директори кои си ја знаат работата и кои во вистинска смисла на зборот ќе му служат на народот. Потребно е итно да се објави „света војна“ на криминалот и корупцијата на сите нивоа и против сите криминализирани структури. Тој што крадел без разлика дали е од ДУИ, ДПМНЕ. СДСМ или било која друга политичка партија мора да одговара. Не смее да има заштитени функционери.“, пишува Јове Кекекновски во колумната „По поминати 30 години време е за длабок и болен рез, дури и со тап скалпел“.

„Во анализите што претстојат од податоците на пописот научните и другите институции треба особено да се посветат на овие семејства и домаќинства кои треба да бидат генератори на понатамошниот забрзан и одржлив развој на заедницата. Структурата на домаќинствата и нивното потекло според место на раѓање упатува на појавата на континуирана миграција од внатрешноста во главниот град  како феномен кој е константен и во последниве две децении.“, од “Впечатоци на еден попишувач“.

„Илустрација за нефункционирањето на парламентот во една исклучително важна сфера – медиумите – е случајот со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно со избор на членови на Советот и директор на оваа институција, како и членови на Програмскиот совет и директорот и заменик на директорот на Македонската радио телевизија. Повеќе од две години трае одолговлекувањето, опструкциите и блокадите за овие важни прашања. Со тоа директно се кршат повеќе законски одредби.“, прочитајте во анализата на Џабир Дерала „Аларм: Зошто се одолговлекува процедурата за избор на тела во две важни институции – Агенцијата за медиуми и МРТ?“.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ