пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Меѓу многуте алуминиумски „аргументи“ против пописот, освен националистичкото гатање проценти од мал мозок, можете да детектирате и други бисери и проекции на едно тотално нерационално, но опасно лудило.
Еве, на пример, некои гласници на левата и десната рака на мвро-вмро велат да се бојкотира пописот, затоа што на документите пишувало „Северна Македонија“?
Замислете. им пречи „Северна“ на документите за пописот. Ама, кога се избори, што им носат по 120 денари по гласач, не им пречи „Северна“. Ниту да се кандидираат, ниту пак да се акаат по митинзи, од врата на врата, да ветуваат, да молат и бараат луѓето да излезат и да гласаат за нив. Ене ги во Собранието на Северна Македонија, лапаат плата, гласаат закони и потпишуваат документи со Северна Македонија.
Исто беше и за референдумот. И тој беше бојкотиран, оти резултатот – не носеше пари и ќар за партиите. Оти само на тоа мислат, на себе и што има за нив, а не на општеството и заедничките интереси.
Бојкот кога нема пари, а кога има – ура по митинзи и кампањи. Каква борба за името, какви бакрачи. Обични ќеш „патриоти“
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.