„Секој што живее во својата татковина има вродено чувство на сигурност. Во својата држава се чувствувам безбеден, кога сум надвор од државата не се чувствувам баш безбеден“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – дали се чувствуваат безбедни.
Друг граѓанин вели не се чувствува доволно безбеден бидејќи според него полицијата кога сака реагира кога сака не реагира.
„Токму сега поминавме низ Скопска чаршија и ги гледаме „кибритџиите“ како слободно работат. Штом тие се чувствуваат слободни и безбедни, тоа значи дека ние не треба да се чувствуваме безбедно“, додава граѓанинот.
Младите релативно се чувтвуваат безбедни, но велат дека зависи до местото и ситуацијата во која се наоѓаат.
Еден скопјанец вели дека не се чувствува безбеден со оглед на тоа дека сред бел ден некои со калашникови ограбуваат банка и никој не ги фаќа. Тој додава дека политиката е виновна за небезбедноста на граѓаните.
„Човек не знае дали од работа ќе се врати жив дома. Граѓаните станаа многу нервозни, брзи, дрски и не размислуваат за последиците. Сите што дојдоа и си заминаа од власт попуштаа на сите за да им биде покомотна позицијата“, истакна тој.
Дехран Муратов
Камера: Ангела Петровска
Монтажа: Aриан Мехмети