• Latest

Климатски промени: Последните седум години најтопли во човековата историја, декември 2021 потопол од досегашниот повеќегодишен просек во државата

January 11, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Климатски промени: Последните седум години најтопли во човековата историја, декември 2021 потопол од досегашниот повеќегодишен просек во државата

January 11, 2022 11:52
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалното затоплување продолжува и научните податоци за последните седум години покажуваат дека тие се најтоплите во човековата историја, пренесува Гардијан. Температурата на светско ниво во 2021 година била за 1,2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Ова значи дека климатските промени со несмалено темпо продолжуваат да создаваат екстремни временски услови на Земјината топка, предизвикани од емисиите на стакленички гасови.

Европската климатска агенција „Коперник“ ги објави проценките за рекордните нивоа на јаглерод диоксид и метан во атмосферата, коишто биле достигнати во текот на минатата година. Зголемувањето на ваквите стакленички гасови доведува до затоплување на атмосферата, која што во различни делови од светот предизвикува суша, екстремно високи температури, топење на глечерите или обилни врнежи.

2021 е рангирана како петта најтопла година во човековата историја, додека во атмосферата била создадена топлина како никогаш претходно во мерењата што ги вршат научниците.

Како последица на ова, лани имавме огромни поплави во Германија и Белгија, катастрофални пожари во летниот период на Балканот, Италија и Турција, рекордно високи температури на Сицилија од 48,8 степени, додека во САД и Канада беа забележани топлотни бранови во чии рамки беа срушени температурните рекорди за 5 Целзиусови степени.

„Настаните [екстремните временски услови] во 2021 година се остар потсетник за потребата да го промениме нашето однесување, да преземеме решителни и ефективни чекори кон одржливо општество“, изјави Карло Буонтемпо, директор на климатската служба на ЕУ „Коперник“.

Покрај „Коперник“, кинеската метеоролошка агенција веќе ги објави податоците дека 2021 година била најжешка година во земјата досега, но и дека северниот регион имал највлажна година досега. Обединетото Кралство, Јапонија и САД треба во претстојните недели да ги публикуваат своите податоци за просечните температури во нивните земји што биле достигнати лани.

За да се спречат последиците од глобалното затоплување, лани во ноември во Глазгов се одржа Конференцијата за климатски промени (КОП 26). Речиси 200 земји се согласија на Климатскиот пакт од Глазгов за одржување на 1,5 степени во живот и финализирање на извонредните елементи од Парискиот договор, но државите треба допрва да ги имплементираат мерките на национално ниво за да ги намалат емисиите на стакленички гасови.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека во декември 2021 година се карактеризира како потопол и просечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности воземјава.

Според метеоролошките станици во земјава, 19 дена од месецот било над пет степени во Берово и Прилеп, како и 29 дена во Гевгелија.

-Средната месечна температура варираше од -0,7 степени во Лазарополе до 5,9 во Гевгелија. Споредено со многугодишните (1981-2010) декемвриски средномесечни температурни вредности, годишните (2021) се повисоки за 1,1 степен на ниво на држава. Највисоката максимална температура 17 степени беше измерена на 6 декември во Струмица, додека најниската минимална -13,2 на 23-ти во Берово. Средната максимална температура варираше од 2,3 степени во Лазарополе до 10,5 во Гевгелија, додека средната минимална температура беше од -3,4 во Лазарополе до 1,5 во Гевгелија, наведува УХМР.

Во декември 2021 година месечната сума на врнежи варираше од 38 милимитери во Скопје – Зајчев Рид до 140 во Маврово, согласно конвенционалните мерења.

-Врнежите беа регистрирани на целата територија на државата во текот на првите две декади од месецот во вид на дожд, додека на повисоките планински места беше забележен и снег, замрзнат дожд и лапавица. Максималната дневна сума на врнежи од 43 милиметри беше регистрирана во Берово на 7-ми во месецот. Максимална снежна покривка во Лазарополе од 44 сантиметри беше регистрирана на 11 декември, во Маврово 58 сантиметри беа измерени на 18-ти и на Попова Шапка 96 сантиметри на 12 декември. Споредено со декемвриските многугодишни просечни суми (1981-10), измерените декемвриски (2021) врнежи беа просечни на ниво на државата, информира Управата.

Д.М

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ