Џевдет Хајредини
СДСМ им го заврти грбот на Албанците што му овозможија да се врати на власт. Првиот и неопходниот услов беше, со неколку десетици илјади гласови на Албанците да се достигне бројката од 49 пратеници. Без тоа процесот не ќе беше можно ниту да продолжи. Вториот, но не и доволниот беше, ДУИ, принудена од САД, ЕУ и НАТО, да ја напушти ВМРО и да влезе во коалиција со СДСМ. Последниот и одлучувачкиот услов беше, со пратениците на БЕСА и Алијансата на Албанците на Зијадин Села, да се достигне потребното мнозинство за формирање на владата. На крајот, по сѐ изгледа, СДСМ сака да ги награди само оние Албанци кои имаат потреба да ги спаси од затвор.
*
Тешко ги навреди Зоран Заев, кога го употреби изразот “метла”, тие што на живите луѓе им ја пеат последната надгробна молитва, кај муслиманите наречена “талкин”.
Прочитајте ги сите ПОЕНТИ на Џевдет Хајредини ОВДЕ.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.