поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Советникот на вицепремиерот и главен политички преговарач и шеф на делегацијата на Македонија за преговори со ЕУ, г.Франсоа Лефон, испратен од француската влада, изгледа не мисли дека до сега сме направиле сѐ што тие побарале од нас и дека претседателот Макрон направил историска грешка, како што сѐ уште мислат амбасадорот Жбогар и Бујар Османи, кој уште пред скоро три години нѐ убедува дека заслужуваме “кристално чиста препорака” за почеток на преговорите.
Франсоа Лефон очекува “јасни сигнали дека Северна Македонија разбрала што им е важно на земјите членки” и поголема извесност на процесот на пристапување.
„Нема причина да почнете преговори и да кажете: “Нема проблем, нека потраат 10-15 години, не е важно”. Важно е. Затоа што ја поткопувате способноста на ЕУ да го почитува предлогот и надежта на народот“, додава тој.
А нас, откога Заев и Бујар нѐ убедуваат дека важно е преговорите само да почнат, а не е важно до кога ќе траат. За земјата би било добро и Османи од 3 јануари да ја координира само изградбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце.