“Предложената реформа во основното образование е лекот за излегување од маѓепсаниот круг на авторитарна политичка култура, да се биде или не“, рече Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, вчера на собраниската јавна расправа за концепцијата за основно образование.
Колозова истакна дека дава целосна поддршка на концепцијата, затоа што со неа ќе се надмине проблемот којшто е надпартиски, а тоа е прашањето на политичката култура и проблемот на хибридниот режим.
“Сметам дека оваа концепција не е избрана, туку напротив задоцнета. Според мене има недостаток, а тоа е дека не е доволно радикална и не е доволно смела”, рече Колозова.