Комисијата за мандатни и имунитетни прашања со пет гласа и ниеден против ги одобри барањата на Судот Скопје 1, за одземање на имунитетот на пратеникот Никола Груевски.
Претседателот на комисијата, Павле Богоевски изјави дека Груевски за денешната седница е известен по електронска пошта и преку парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ.
Богоевски побара да се изврши истрага за пропустите на системот, коишто пропусти го овозможија бегствто на Груевски. Неофицијално, денес во 17 часот се очекува повикување на пленарна седница за потврдување на решението на комисијата, за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски.
Арбен Зеќири