• Latest

Компаниите се повеќе инвестираат во општествено одговорни практики

December 2, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Компаниите се повеќе инвестираат во општествено одговорни практики

December 2, 2019 12:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските компании стануваат се повеќе општествено одговорни и вложуваат во програми што се во интерес на целокупната заедница. Годинава, 23 проценти од компаниите кои аплицирале за националната награда за општествена одговорност, се нови компании.

Министерството за економија кое веќе 12 година ги доделува овие награди, најавува дополнителни мерки од наредната година со цел да се поттикнат уште повеќе претпријатијата да инвестираат во општествената одговорност.

– Оваа година имаме 22 компании кои направиле вакви инвестиции и најважно од се е дека 23 отсто од тие компании, кои веќе направиле такви проекти, се нови компании кои претходно не инвестирале во општествена одговорност што уште еднаш покажува дека свеста во компаниите се подобрува. Како Министерство за економија, имајќи ги во предвид и мерките и новата стратегија што веќе ја усвоивме, ќе создаваме дополнителни мерки од наредната година се со цел да ги поттикнеме нашите претпријатија да инвестираат во делот на општествената одговорност, изјави Бектеши пред почетокот на денешното доделување на наградите.

Дел од компаниите добитници на годинашните награди се ЕВН Македонија, Пивара Скопје и Адора Инженеринг. ЕВН Македонија реализира три општествено одговорни проекти и тоа проект за поставување на полначи за електромобили, „ Гласни раце во ЕВН“ со кој се подобруваат услугите за корисниците кои се со оштетен слух и проект за тренинг на вработените во компанијата кои се изложени на опасности. Пивара Скопје пак го спроведува проектот „Вештина за успех“ наменет за младите луѓе кои се обучуваат со основните вештини да имаат свој бизнис, а „Адора Инженеринг“ е компанија која годинава добива награда за инвестирањето во подобрување на акустиката меѓу два стана.

Годинава, за оваа награда беа пријавени вкупно 30 проекти од 22 македонски претпријатија. Националната награда за најдобри општествено одговорни практики се доделува 12-та година по ред со цел да се поттикне воведувањето и натамошното унапредување на општествената одговорност кај македонските претпријатијата и да се промовираат нивните позитивни практики на општествено одговорно делување. Наградата се доделува за реализирани проекти во периодот од 1 јуни 2018 година до 1 јуни годинава.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ