• Latest

Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива: Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ

April 15, 2021
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива: Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ

April 15, 2021 13:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ, а проширувањето на Унијата и Западен Балкан ќе бидат меѓу клучните приоритети на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година. За Словенија многу е важно да се обезбеди стабилност, продолжување на реформскиот процес, економски развој и зајакнување на политичкиот дијалог во регионот, а целта е да се оневозможи затворање на процесот за пристапување во ЕУ.

Ова беше потенцирано на денешната онлајн на 17. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, на која учествуваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, а на учесниците им се обрати и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Во обраќањето на темата на конференцијата „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“, Џафери  потсети дека годинава, како и минатата 2020 кога се навршија 20 години од оформувањето на оваа иницијатива, фокусот е насочен кон подобрување на развојот и зајакнувањето на безбедноста на земјите во регионот, продлабочувањето на соработката помеѓу земјите членки, каде што и Република Северна Македонија има свој удел, како земја која е во процес на интеграција во Европската унија.

Од многуте темелни и специфични прашања кои се дискутираат на средбите, рече претседателот на Собранието Џафери, овој пат, фокусот е ставен на тема која се наметна на некој начин принудно, со оглед на потребата од одржување на физичка дистанца со цел почитување на препораките за спречување на ширење на пандемијата односно „Кон дигиталното општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“.

– Секако дека оваа промена кон дигитално општество ќе дојдеше кога тогаш, имајќи го предвид новото време, забрзаниот технолошки развој, глобализацијата, потребата од неограничен пазар на трудот, што секако е во тесна корелација со подготовката за конкурентност на тој пазар, односно, образовната, стручната подготовка на младите генерации за успешно вклучување на тој пазар на трудот. Реално, младите се соочуваат со низа проблеми за влез на тој пазар од типот на несоодветност на стекнатите знаења и вештини во формалниот образовен процес со реалните потреби, просечниот премин на младите лица од училиште на работа, што е околу 2,5 години, како и недоволниот и квалитетен број на слободни работни места. Тука се и младите кои се во меѓу период, односно, завршиле со образование, не се вработиле, не се на некоја доквалификација. А младите, како мотор кој што ги прави и води промените во општеството, се наша приоритетна обврска, односно, на креаторите на политиките и донесувачите на одлуките во земјите, рече во обраќањето пред неговите колеги, претседателот на Парламентот, Џафери.

Во тој контекст, наведе тој, во Република Северна Македонија, во 2016 година е донесен Национален акциски план за младите, во кој беа детектирани состојбите и насоките за делување за подобрување на состојбата на младите на пазарот на трудот, со цел да се намали стапката на невработеност, што е суштинско прашање за решавање, преку имплементација на квалитетни политики за вработување кои ќе предизвикаат долгорочен позитивен ефект во развојот на нашата економија, но, и со носење на посебни закони од областа.

Дел од тие политики се: имплементацијата на активни програми за вработување преку Оперативен план, воведување на гаранција за млади, воведување младински додаток, донесување и имплементација на Законот за практикантство и Законот за младинско учество и младински политики.

– Предмет на уредување на Законот за младинско учество и младински политики се формите на младинско организирање и нивно учество во процесот на креирање политики токму за нив, меѓу другото, и поттикнување на нивниот личен, професионален и социјален развој. Од оваа перспектива, можам да потврдам дека со оглед на пандемијата на Ковид 19 која влијаеше директно негативно на состојбите со пазарот на трудот во Република Северна Македонија, сепак ефектите од имплементацијата на овие алатки може да се сметаат за успешни. Секако, пандемијата испровоцира и друга, позитивна реакција како одговор на наметнатите услови. Имено, се насочивме кон иновациите во борбата за развој и на некој начин „лекување“ на економијата која за жал доживеа силен удар, меѓутоа, меѓу нив сигурно не е ИТ секторот, секако, и оние кои брзо се прилагодија на новите околности и ги адаптираа своите услуги и производство, истакна претседателот на Собранието на РС Македонија.

Во тој преод според Џафери, многу помогнал Фондот за иновации и технолошки развој, преку КРЕАТОН, што е јавен повик наменет за креирање дигитални алатки и решенија, преку нудење на ко-финансирани грантови за технолошки развој и надминување на последиците, јавни повици за иновациски ваучери со кои ја стимулираа академската заедница и јавен повик за брза реакција и дигитализација на општините. Основан е и Стартап совет и т.н. Фонд на фондови чиј приоритет е иницијативата за формирање Регионален фонд за иновации на ниво на Западен Балкан и привлекување на дигитални номади преку создавање на услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за нив.

– Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачи од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде што ќе донесе позитивен ефект за локалната економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со домашните стартапи. Секако, не можам а да не го споменам и Бизнис Акцелераторот во УКИМ, верувам дека е познат на претставниците на академската заедница на оваа конференција и верувам дека дадената поддршка ќе произведе позитивни ефекти врз економското зајакнување, отворање на нови работни места и конкурентност на пазарите и во поразвиените земји, нагласи Џафери на конференцијата на Јадранско-јонската иницијатива и на Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион.

Тој потенцира дека Јадранско-јонската иницијатива продолжува да биде семејството во кое соработуваме регионално, споделуваме искуства, учиме и заедно ги надминуваме предизвиците и воедно го олеснуваме, прошируваме и овозможуваме слободното движење, учење, работење и надградување на нашите млади генерации кои се секако затекнати од наметнатите ограничувања поради пандемијата.

– Меѓутоа, дигиталното општество и зелената трансформација се реалност и што е најважно, нудат неограничени можности за раст и развој само ако си помагаме меѓусебно искрено. Тоа ќе ни помогне на сите да најдеме поповолен излез од сегашната здравствена, социјална и економска криза, оцени Џафери.

Претседателот на Собранието изрази благодарност до виртуелниот домаќин, Државниот збор на Република Словенија, за успешно организираната конференција и изрази верба дека регионалната соработка ќе продолжи да се надградува и развива за посветлата иднина на нашите млади и за целосна интеграција на регионот во Европската Унија.

Џафери и посака успех на Република Албанија за претстојното претседателство со Јадранско-јонската иницијатива и Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион помеѓу 1 јуни 2021 и 31 мај 2022 година.

На конференцијата за искуствата во нивните држави меѓу другите говореа и претседателите на Парламентите на Србија и на Црна Гора, Ивица Дачиќ и Алекса Бечиќ.

Дачиќ меѓу другото истакна дека Србија е заинтересирана за понатамошна соработка за интеграција во ЕУ, затоа што, како што рече, соработката со соседите за пристапување во ЕУ е нивна стратегиска цел.

За Бечиќ потребно е да се зајакне интерпарламентарната соработка на сите нивоа, потенцирајќи дека регионалната соработка е важен модел што отвора различни можности за соочување со бројни предизвици со кои се соочуваме.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ