Центарот за истражувачко новинарство СКУП заедно со Институтот за човекови права и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ денеска ја организираат годишната конференција организирана во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“ поддржан од Европската Унија.
На конференцијата ќе бидат одржани три панел сесии на кои ќе се дискутира за предизвиците на истражувачкото новинарство во борбата против корупција, мониторинг на работата на Државното правобранителство и за предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации во борбата против корупција.
На првата панел сесија, говорници ќе бидат Сашка Цветковска, Александар Димитриевски, Кристина Озимец и Сефер Тахири. Ва втората сесија ќе се обратат, Вања Михајлова, Драган Малиновски, Субхи Јакупи и Зоран Петковски, додека на третата панел сесија, говорници ќе бидат Лулзим Хазири, Слаѓана Тасева, Миша Поповиќ и Горан Лазаревски.
Извор: МИА