Со изгласувањето на три закони, косовскиот Парламент денеска одобри формирање на војска во оваа земја. Парламентарците од „Српската листа“ не учествуваа во гласањето.
На денешната седница присуствуваа и косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи.
Трите закони изгласани денеска овозможува трансформација на Косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово. Во Парламентот беа присутни и идните војници на војската.
Првиот закон се однесува на трансформација на КБС во Министерство за одбрана. Вториот закон на трансфромација на КБС во вооружени сили. И со третиот закон е завршена процедурата за формирање на косовска војска.
Низ градовите во Косово се слави оваа одлука на косовскиот Парламент.
Засега нема официјален став од Србија во врска со одлуката за формирање на косовска војска.