Пред неколку дена во Косово се вратени 110 граѓани што престојувале со години во Сирија. Минестерот за правда на Република Косово, Абелард Тахири, изјави дека враќањето е заедничка операција на Владата на Косово и САД.
Операцијата на репатријација на 110 граѓани од Сирија се изврши минатиот петок околу полноќ. Меѓу повратниците има 32 жени, 74 деца меѓу кои и 9 деца чии родители си го изгубиле животот во војна во Сирија, и четири учесници во војната.
На четирите лица што биле дел од милитантните групи на Исламската држава во Сирија по барање на обвинителството, им е изречена мерка притвор. Жените и децата се сместени во Центарот за засолништво на странци во Вранидол. Децата без родители веќе се згрижени во социјалните установи кадешто ќе бидат под постојан надзор и грижа.
32 жени повратнички од Сирија се под истрага од Специјалното Обвинителство на Косово, за учество во војната како дел од милитантите групи на Исламската држава.
Косовскиот Центар за безбедносно истражување во февруари извести дека граѓаните на Косово не се сложуваат со враќањето во земјата на војниците во туѓа држава, бидејќи сметаат дека се закана за безбедноста. Повратниците може да се соочат со казна од 15 години затвор, според законот донесен во 2015 год. Којшто им забранува на граѓаните на Косово да учествуваат во војни на туѓи држави.
Над 300 граѓани од Косово, во последните неколку години ја напуштиле својата земја за да војуваат покрај милитантите во Сирија и Ирак, а над 70 од нив си го загубиле животот во боиштата.