Конечно пристигна одговор, малку изнуден преку новинарско прашање, на Констадин Костадинов, потпарол на СДСМ, за обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ за непотизам.
Односно, ВМРО -ДПМНЕ обвини дека Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица.
„Паниката и стравот од обелоденување на вистината внатре во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледно. Јас накратко само би коментирал она што е веќе познат мој став, дека во Македонија правата и обврските еднакво за сите, а истото тоа важи и за членовите на моето семејство. Овие очајнички обиди да ме спречат во обелоденување на вистината, штитењето на јавниот интерес од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да успее“, изјави денеска Костадинов.
Јавниот интерес за кој зборува Костадинов се однесува на вистината за спрегата на Христијан Мицкоски со неговиот ментор Никола Груевски и шемите за хидроцентрали.
На крај, пак, не дознавме дали навистина Костадинов ја вработил мајка му во Централниот регистар во Струмица или ВМРО -ДПМНЕ панично лаже и обвинува.
Б. Јордановска