Северна Македонија има докажани пријатели во земјите членки на ЕУ. Тие се оние земји кои гледаат кон иднината, наспроти минатото и од кои ние, Албанија, но и регионот имаме целосна поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во ЕУ, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Ковачевски на Фејсбук ја објави одликата дека тој, Рама и Вучиќ ќе присуствуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
Јас, Edi Rama и Aleksandar Vučić денес донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан.
Премиерот нагласи дека за време на Самитот тројцата лидери заеднички ќе ги повторат нивните ставови за процесот на евроингтеграциите на регионот.
Доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе е сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот. Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, во широк форум, во центарот на европската дипломатија, напиша Ковачевски.
Д.Мишев












