• Latest

Ковачевски го достави предлогот за новата влада во Собрание, Албанија не сака одвојување од Северна Македонија на патот кон ЕУ, тензични разговори во Женева помеѓу САД и Русија

January 11, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Ковачевски го достави предлогот за новата влада во Собрание, Албанија не сака одвојување од Северна Македонија на патот кон ЕУ, тензични разговори во Женева помеѓу САД и Русија

January 11, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа

Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада.

-Составот на владата ги има имињата коишто вчера ги соопштивме од СДСМ, од ДУИ, ЛДП и од Алтернатива. Ресорите се согласно со преземените одговорности во Владата и во согласност со Програмата на Владата. Програмата е континуитет на изборниот легитимитет којшто е добиен на изборите 2020 година со тоа што се вградени економските определби на новиот коалициски партнер Алтернатива, како и нови програмски цели коишто произлегоа од новите предизвици коишто се наоѓаат пред оваа влада, рече Ковачевски откако во Собранието ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мета: Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо ги одржат првите меѓувладини конференции

Не сакаме и не работиме за одвојување на Северна Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо ги одржат првите меѓувладини конференции и тоа е една од причините за мојата посета, изјави претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија.

Нова рубрика „Брза пошта“ – Вашите мисли и опсервации, жолти и црвени картони, кратки белешки и пораки, отсега во брза пошта. Останете гласни! 

Цивилмедиа.мк воведува нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОСЕТА Посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје не се откажува, туку се одложува, изјавија за БНТ од прес-центарот на Советот на министри. Засега  не е јасно кога ќе се реализира. Претходно, Министерскиот совет за БНТ потврди дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе се изолираат во наредните денови. Одлуката доаѓа неколку часа откако стана јасно дека претседателот на Народното собрание Никола Минчев има коронавирус.

ПАНДЕМИЈА Ем се заразени со омикрон, ем се на работа. Голем број граѓани ги игнорираат симптомите на омикрон варијантата на коронавирусот и го шират вирусот на работните места. Тие ниту се тестираат, ниту се евидентирани во листата заболени на Институтот за јавно здравје, движењето не им е контролирано, ниту пак им се знаат контактите. Ова, заедно со масовните новогодишни прослави, се причините зошто бројот на новозаразени во земјава за една недела порасна за 50 проценти и сега активни се над 10.300 случаи, вели за „Слободен печат“ д-р Ненад Лазаров, матичен лекар од Скопје.

КОМИСИЈА На Комисијата за заразни болести се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови. На денешниот состанок Комисијата ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие.

ОБРАЗОВАНИЕ Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да  се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година.

АНТИКОРУПЦИЈА Ризикот од политичка корупција и политичко влијание е највисок. Понатаму следува ризикот од неказнивост и незадоволството од судиите. Тие се основните ризици, кои треба да ги надминеме, порача претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Во однос на стратегијата на Владата за справувањето со кризата во енергетскиот сектор, вицепремиерот истакна дека се прават максимални напори и се обезбедени финансиски средства за да се максимизира производството на електрична енергија од домашни извори и на тој начин да се заштитат домаќинствата и малите потрошувачи.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Глобалното затоплување продолжува и научните податоци за последните седум години покажуваат дека тие се најтоплите во човековата историја, пренесува Гардијан. Температурата на светско ниво во 2021 година била за 1,2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Ова значи дека климатските промени со несмалено темпо продолжуваат да создаваат екстремни временски услови на Земјината топка, предизвикани од емисиите на стакленички гасови.

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА Европската комисија е внимателна во начинот на кој го користи инструментот за условување поради неговите бројни импликации, вклучително и прилагодувањето на финансиската асистенција во случај на значајно уназадување или траен недостаток на напредок, велипортпаролката на ЕК Ана Писонеро, објасни како постапува институцијата.

НАТО Црна Гора, Албанија, Словенија и Северна Македонија се воено нискокорисни земји за НАТО, а многу од таканаречените сојузници се повеќе обврска кон САД отколку активни, смета Тед Гален Карпентер. виш соработник за студии за одбрана и надворешна политика на Институтот Кито во Вашингтон.

ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, објави денеска на Твитер неговиот портпарол Роберто Куиљо. Сасоли (65) почина на 11 јануари во 01:15 часот во Италија, каде што беше хоспитализиран, додаде неговиот портпарол.

СЛОБОДНА ЗОНА

Ставовите на двете страни не се доближија бидејќи е очигледно дека Русија бара целосно преобликување на европската безбедносна слика. Од друга страна, САД, НАТО и нивните европски сојузници имаат консензус околу пристапот на Русија и дека се што ќе кажат официјалните претставници на САД и НАТО е усогласено со европските сојузници. Нивните проценки се дека главната закана за европската безбедност во последните дваесет години доаѓа од Русија.

Ројтерс оценува дека САД и Русија во Женева не успеале да ги доближат ставовите околу Украина и пошироко околу европската безбедност, бидејќи Москва инсистира на барањата за кои Вашингтон вели дека не може да ги прифати.

Претставникот на руската делегација, заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, само ги повторил барањата на Москва да се запре проширување на НАТО и да се прекинат активностите на Алијансата во земјите од централна и источна Европа кои влегле во Алијансата после 1997 година, , пишува Александар Николиќ Писарев во анализата „Тензични разговори во Женева, САД и Русија во најзатегнати односи од крајот на Студената војна наваму“.

„Човештвото сега ги мрази умните, промислените, рационалните, и се оддава на водството и примерот што го даваат лудаците и површните во секоја област, закачени на најтемните пориви на човековата психа. Ако е за некаква утеха, сепак има тука и некаква „космичка правда“ – токму најревносните следбеници на тоа лудило, ќе бидат и неговите први и најголеми жртви, колумна на Александар Николиќ Писарев „Тензични разговори во Женева, САД и Русија во најзатегнати односи од крајот на Студената војна наваму“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ