• Latest

Ковачевски – Марин: Северна Македонија и Финска имаат заедничка евроатлантска иднина

June 20, 2022

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски – Марин: Северна Македонија и Финска имаат заедничка евроатлантска иднина

June 20, 2022 19:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерката на Република Финска, Сана Марин, којашто е во еднодневна работна посета на нашата земја, одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа споделените ставови за најважните прашања од интерес за двете земји и за унапредување на соработката.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски на прес-конференцијата во целост:

„Задоволство е што можам да им посакам добредојде на премиерката Марин и на финската делегација, за првпат во Северна Македонија.

Уверен сум дека оваа посета е првата од многубројните на ниво на влади со заедничка евро-атланска иднина.

Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Како премиер, уште за време на мојата посета на НАТО отворено ја поддржав иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО.

Се надевам на што поскоро членство и за двете земји, иако истовремено треба да се земат предвид сите загрижености на сите НАТО членки. Се надевам дека во најскоро време ќе се надмине застојот за апликација, за што од наша страна ќе дадеме целосна поддршка.

Нашата Влада уште во мај даде согласност за прием на Република Финска и Кралството Шведска за членство во НАТО.

Деновиве Владата донесе одлука и за овластување на нашиот амбасадор во НАТО за потпишување на пристапните протоколи за Шведска и Финска за членство во НАТО, кога ќе дојде време за тоа.

Сметаме дека зачленувањето на Шведска и Финска во НАТО е придонес за зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа особено во контекст на неоправданата  руска воена инвазија на Украина што доведе до промени на европската безбедносна политика.

Изразуваме длабоко почитување и охрабрување за оваа одлука на Република Финска, врз база на темелен демократски процес на делиберација, како нејзиното самостојно суверено право да ги уредува сопствените безбедносни аранжмани.

Членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во Евро-Атлантскиот Регион, особено во регионот на Високиот Север и Балтичкиот регион.

Финската армија е интер-операбилна со НАТО стандардите и со години наназад одржуваа редовни и чести воени вежби со НАТО, и учествуваат и придонесуваат во сите мисии и операции на НАТО.

Финска е силен поддржувач на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Ние никогаш нема да го заборавиме инсистирањето и нивниот цврст став да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ во 2019 година за време на нејзиното претседавање со Европскиот совет.

Тоа беше силен пријателски гест од страна на Финска.

Северна Македонија и денес е целосно подготвена за почеток на преговорите.

Нашето законодавство е 45% хармонизирано со законодавството на ЕУ. Европската Унија е нашиот најзначаен трговски партнер. Нашите извештаи покажуваат дека земјата прогресира на тој пат.

Ние покажавме дека сме партнер од доверба и дека сме посветени на дијалог за изнаоѓање на вистинско решение кое ќе обезбеди деблокирање на процесот на преговори и евроинтеграции.

Ние, како Влада, имаме обврска да изнајдеме брзо, но не и избрзано решение, кое е базирано на европски вредности. За нашиот идентитет и јазик не преговараме и тоа е повеќе од јасно, а решението кое ќе произлезе од отворениот дијалог ќе треба да го има предвид достоинството на граѓаните на двете земји и да ги рефлектира Европските вредности.

Војната во Украина на еден најтрагичен начин покажа дека проширувањето на ЕУ со Северна Македонија не е само прашање на проширување, туку геостратешко и безбедносно прашање. И за нас, но и за цел регион.

Го споменувам и регионот бидејќи блокадата со која се среќаваме ние денес, одекнува негативно во целиот регион и влијае на кредибилитетот и интегритетот на ЕУ. И обратно, позитивните импулси кои ќе ги донесе почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе одекнат широко и ќе донесат поголема стабилност на целиот Балкан.

Дополнително, отсуството на испорака, и силна решителна одлука за почеток на пристапните преговори, ќе овозможи простор за влијанија од трети анти-демократски сили што во дадениот момент и контекст е особено штетно од геостратешки аспект.

Тоа ѝ е многу добро познато на Финска и затоа имаме заеднички став дека преговорите со Северна Македонија треба да започнат веднаш.

Северна Македонија и Финска со оваа денешна посета продолжуваат да го зацврстуваат пријателството кое постои меѓу двете земји.

Деловната заедница на Финска која неодамна покажа нагласен интерес за унапредување на соработката отвора големи потенцијали. Значајни се и можностите за пренесување на искуствата на Финска во образованието и дигитализацијата.

За крај сакам да го повторам заедничкиот заклучок од денешнава посета, Северна Македонија и Финска имаат заедничка евро-атланска иднина за која меѓусебно силно ќе продолжиме да се заложуваме“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ