Со официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевскии владината делегација на Софија, и заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија, што се одржа вчера во Софија, во конструктивна атмосфера се поставија основите за понатамошно продлабочување на билатералните односи , подобрувањтое на економската соработка и инфраструктурното поврзување.
Двајцата премиери заедничката седница ја оценија како многу успешна, и со неа се поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи и се прави обид преку конкретни договори да се зајакне соработката меѓу Скопје и Софија и тоа да придонесе и за пронаоѓање компромис за спорните прашања.
Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите, економската соработка, соработката во образованието , транспорт и врски, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката и комуникациите, се поставени определбите за работите на Коридорот 8, додека решавање на политичките прашања. е оставено за подоца, откако ќе се створат услови преку зголемена меѓусебна доверба, добрососедство и зајакната соработка.
За време на посетата, за која известуваше екипата на ЦИВИЛ МЕДИА од Софија, беа потпишани и неколку билатерални договори помеѓу владините делегации на Бугарија и Северна Македонија. Беше потпишан Меморандумот за разбирање и соработка во областа на земјоделството, аграрните науки, селските реони и горското стопанство, Меморандум за разбирање помеѓу ИАНМСП и Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија, Меморандум за либерализација на стоки за и од трети земји, Меморандум за развој на железничкото поврзување Скопје-Софија, преку формирање на заедничка работна група, со цел забрзување на изградбата на железничкиот коридор 8 и Иницијатива за воспоставување на авиолинија – Софија – Скопје.
Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата на крајот од заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија во Софија, изразија задоволството од остварениот успех и порачаа дека во наредниот период добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветат на работите кои беа заборавени последните години.
.Во периодот што претстои, Ковачевски и Петков очекуваат брзо да се постигне сето она што е испуштено во изминатиот години и дека е добро што веќе има план за неделни средби на секториските групи.
Во однос на политичките прашања, премиерот Ковачевски нагласи дека успешен критериум е доколку успееме низ разговор на сите овие комисии, нормално низ еден политички дијалог на владите да постигнеме договор и во догледен период да имаме прва меѓувладина конференција со Европската Унија.
Во рамките на официјалната посета, премиерот Ковачевски и владината делегација остварија средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, како и со претседателот на бугарскиот парламент Никола Минчев.
На маргините на својата официјална посета на Република Бугарија, премиерот Ковачевски се сретна со претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија Мустафа Карадај, и со претседателот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија,Бојко Борисов.
Тимот на Цивил медиа