пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Подолго време го нема Чаир меѓу водечките општини со заразени од Ковид-19 во Скопје.
Подолго време ги нема ни „етничките бројачи“ на заразени со неутралните им експертизи и предлог-мерки за „племето“.
Кога ќе ви се појават, сите тие извикани научници, интелектуалци, уметници, музичари, јавни личности кои плукаа по Чаир, а сега молчат, не заборавајте да им кажете:
На националистички опинок можеш да му ставиш врвци од космополитска кондура, ама пак ќе остане националистички опинок. Дури и кога е скриен во шкафот, чекајќи погодна прилика пак да биде облечен од копитата кои го газат Скопје.
Ако не, слободно пратете ги кај Младичот и кристалната топка. Младичот им кажал и вчера, им кажува и сега, ќе им каже и утре, и кога и да биде потребно. Да не биде дека не било кажано.